Дома Топ вести „Супер агентот“ најде тренер за Реал Мадрид – преговорите во напредна фаза!

„Супер агентот“ најде тренер за Реал Мадрид – преговорите во напредна фаза!

Реал Мадрид одлучи да го отпушти тренерот Јулен Лопетеги и на кормилото привремено го постави Солари.

Раководството на „кралскиот“ клуб сега е во потрага по етаблирано тренерско име кое ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ како трајно решение.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Овие денови се шпекулира со неколку имиња кои би можеле да ги преземат „кралевите“, а најмногу се споменуваат Антонио Конте и Маурицио Покетино.

„Марка“ пренесува дека Флорентино Перез нема трпение и се насочува кон други тренери, па сега во прв план изби Леонардо Жардим.

Португалскиот стручњак неодамна го напушти Монако со кого го воодушеви фудбалскиот свет пред две години. Жардим и Монако ја запреа доминацијата на ПСЖ и ја освоија шампионската титула во Франција и дојдоа до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Весникот тврди дека Перез веќе го контактирал неговиот агент Жорге Мендеш и дека преговорите се во напредна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…