Апелациониот суд на Фудбалскиот сојуз на Италија ја укина денес едногодишната суспензија на претседателот на Јувентус, Андреи Анјели поради продажба на карти на „ултра“ навивачите на црно-белите.
Анјели во септември беше суспендиран на една година од фудбалот поради продажбата на карти на навивачите, а „Старата дама“ мораше да плати казна и од 300.000 евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Апелациониот суд ја промени одлуката и наместо суспензија, го санкционираше Јувентус со еден натпревар играње пред затворени јужни трибини на својот стадион, трибина која им припаѓа на организираните навивачи, како и казна за претседателот на клубот од 100.000 евра.
Јувентус исто така е санкциониран со 600.000 евра казна, а јужната трибина ќе биде затворена за дуелот против Џенова на 22. јануари.