Дома Фудбал Англија Судот го ослободи Гринвуд, но тоа не значи дека ќе заигра за Јунајтед

Судот го ослободи Гринвуд, но тоа не значи дека ќе заигра за Јунајтед

Денес Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата бидејќи кралското обвинителство не нашло докази да го продолжи случајот и тоа значи дека 21-годишникот може да продолжи да игра фудбал.

Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а засега од „црвените ѓаволи“ не потврдуваат дали веднаш ќе биде вратен во составот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубот излезе со кратко соопштение наведе дека ќе има свој процес во кој ќе ги утврди деталите.

„Манчестер Јунајтед ја слушна одлуката на Обвинителството дека се отфрлени обвинувањата кон Мејсон Гринвуд.

Сега клубот ќе спроведе сопствен процес во кој ќе ги одреди следните чекори. Нема да даваме дополнителни коментари додека процесот не биде завршен“, стои во соопштението.

Преостанува сега да видиме дали Гринвуд ќе продолжи да биде дел од Јунајтед или ќе бара нов клуб, неговиот договор беше до 2025 година, но многу веројатно поради скандалот Манчестер Јунајтед има опција целосно да го раскине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…