Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Вардар во Струмица победил со непостоечки пенал

Судиска анализа: Вардар во Струмица победил со непостоечки пенал

Најмногу реакции во македонската фудбалска јавност за викендот имаше по победата на Вардар од 1:0 во Струмица, а денес се потврди дека струмичани имале право да бидат незадоволни.

Имено, според Судиската комисија пеналот од кој Вардар го постигна победничкиот гол бил непосточеки.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На натпреварот  ФК Беласица – ФК Вардар одигран на 29.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 81. минута.

Главенсудија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;

81. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА  И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден пенал)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката странично од голот и близу шеснаесетникот на домаќините, играчот на гостите ја центрираше топката во шеснаесетникот и играч од одбраната на домаќините ја изблокира топката со глава па потоа го удри во колено и таа излезе во корнер.

Погрешна одлука на вториот помошен судија кој сигнализираше со знамето игра со рака од играчот на домаќините, а главниот судија досуди пенал за екипата на гостите, бидејќи играчот на екипата на домаќините топката ја блокираше коректно.

Оваа ситуација беше тешка за проценка бидејќи во моментот кога играчот на домаќините ја избокира топката, двете раце на играчот беа широко одвоени од телото и во неприродна положба.

Спорни ситуации имаше и уште неколку, а најмногу на дуелот помеѓу Тетекс и Пелистер каде што се анализирале дури пет моменти. На таа средба сите одлуки на судиите биле исправни.

Комплетната анализа можете да ја прочитате – ТУКА.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пол се налути и објасни зошто Тајсон го промашувал во борбата

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсо…