Дома Македонски спорт Мак фудбал Судии спасувале „жива глава“ во Тетово: Ги нападнале навивачи и фудбалери на Беса

Судии спасувале „жива глава“ во Тетово: Ги нападнале навивачи и фудбалери на Беса

Големи инциденти се случувале во неделата во натпревар од општинската лига во Тетово.

Беса Челопек гостувала на Вардар Брвеница, а навивачи и фудбалери на гостинскиот тим во текот на оваа средба ги нападнале судиите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите околу 40-тина навивачи со играчи на тимот тргнале да ги линчуваат арбитрите кои успеале да се извлечат благодарение на реакцијата на полицијата.

„На 9. април во СВР Тетово пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот.

Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните“, објави МВР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…