Дома Фудбал Останато Судбината си поигра со него: Го победи Меси, па помислувал да си го одземе животот, го спасил „е-спортот“!

Судбината си поигра со него: Го победи Меси, па помислувал да си го одземе животот, го спасил „е-спортот“!

vendel lira

Чудна е судбината на човекот кој го постигна најубавиот гол за 2015 година.

Пред три години целиот свет слушна за Вендел Лира. На гала вечерта на ФИФА ја доби наградата „Пушкаш“ за најубав гол во 2015 година, оставајќи ги зад себе финалистите Лионел Меси и Алесандро Флоренци.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Анонимниот Бразилец тогаш доби 46.7% од гласовите, Меси остана зад него со 33.3, а Флоренци имаше 7.1%.

Три години после моментот на кариерата, Вендел Лира повеќе не е фудбалер. Ја заврши кариерата иако има само 29 години, но на еден начин остана поврзан со фудбалот. Во неговиот живот за изминатите три година му се случија навистина многу работи.

Вендел во 2015 година постигна спектакуларен гол играјќи за нискоглигашот Гоајенес.

Од церемонијата на ФИФА се врати како позната личност. Преполн со впечатоци и фотографии со идолите Роналдо, Кака, Нејмар, Алвес, Погба и останатите ѕвезди кои тешко дека би имал шанса да ги запознае доколку не го постигнеше тој гол.

Ја прими престижната награда и исчезна од фудбалската мапа. Судбината си поигра со него.

Внедел Лира никогаш не стана голем фудбалер. Иако додека беше тинејџер за него се распрашуваше Милан.

Од Цирих (каде што се одржи церемонијата) се врати во суровата реалност на бразилскиот нисколигашки фудбал каде што повеќе од 80% од фудбалерите добиваат плата од 250 евра месечно или помалку. Повредите започнале да го уништуваат Вендел, а набрзо останал без клуб и без скромните примања. Тој имал жена и дете за кои требало да се грижи. Паднал во депресија, помислувал дури и да си го одземе животот.

„Помислував дури и да си го одземам животот. Немав пари да купам млеко за ќерката. Немав примања и преспектива и не можев да се погледнам во огледало“, зборуваше Лира после заминувањето во фудбалска пензија на само 27 години.

Но, кога судбината му затворила една врата, му отворила друга. Место со нозе, започнал да игра фудбал со раце. Со Роналдо, Меси и Нејмар бил повикан да одигра фудбал на видео играта „ФИФА’ и тоа против светскиот шампион во таа категорија Абдулазиза Алшери.

На почетокот одбивал бидејќи се плашел да не се посрамоти, но некако се согласил и – го разбил со 6:1!

Бил навлечен на ФИФА и станал навистина добар. Она што не успеа во копачките го направи со џоистикот во раце. Стана успешен професионален играч на планетарно познатата игра.

„Фудбалот многу ми помогна да ја сфатам видео играта. Многу работи кои денес ги правам во ФИФА ги научив играјќи професионален фудбал. Посебно кога е тактиката во прашање“, изјави Вендел.

Отвори и свој „Јутуб“ канал каде што следат повеќе од пола милион луѓе. Излезе од финансиската криза и полека се приближува кон најдобрите во светот на видео игрите. Најдобрите играчи во светот од овој „е-спорт“ заработуваат околу 800.000 евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Отказ? Тен Хаг не ни помислува, а вели и дека раководството му верува

Манчестер Јунајтед очајно ја отвори новата сезона, а вчера гигантот од „Олд Трафорд“ беше …