Дома Топ вести Суарез: Требаше да го заменам Бензема во Реал, но направив глупост

Суарез: Требаше да го заменам Бензема во Реал, но направив глупост

Луис Суарез имаше импресивна фудбалска кариера во Европа, а неодамна потпиша за Интер Мајами каде ќе ја заврши кариерата.

Суарез откако блесна во Ајакс и Ливерпул се пресели во Шпанија и со голем успех го носеше дресот на Барселона каде освои се што можеше да се освои.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Меѓутоа, Уругавецот сега откри дека бил пред трансфер во Реал Мадрид, кој пропаднал поради глупоста која ја направи на Мундијалот.

„Пред Светското првенство во 2014 година, Реал сакаше да потпише со мене, и преговорите одеа како што треба. Планираа да го продадат Бензема во Арсенал, а да ме земат мене. Но, на Мундијалот се случи онаа моја глупост и епизодата со Киелини и Реал малку се олади, а потоа со интерес се појави Барселона. На крајот имав две опции, ја избрав Барса“, откри Суарес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…