Во интервју за каталонскиот весник „Sport“, напаѓачот на Барселона, Луиз Суарез коментриаше за заминувањето на својот поранешен соиграч Нејмар во ПСЖ минатото лето.
Тој октри дека бил разочаран од заминувањето на многу добриот пријател. На прашањето на новинарите, дали Нејмар ги прашал него и Меси за совет пред заминувањето, Суарез изјави:
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
„Повеќе од совет. Меси и јас се обидовме да го направиме тоа што би му помогнало на тимот. Меѓутоа, никогаш не му рековме да не оди, бидејќи таму нема да биде среќен“.
„Му рековме дека не сакаме да си оди, но дека е слободен да направи што сака. Неговото заминување е многу болно поради пријателството што го создадовме. Се обидував да го убедам да остане, бидејќи и понатаму мислам дека ова е најдоброто место за него, но тоа беше негова одлука.“
Бразилецот неодамна се врати во Барселона за да ги посети поранешните соиграчи, а пред сите Суарез и Меси со кои и понатаму е во одлични односи.
Нејмар минатото лето ја напушти Барселона откако францускиот клуб ја активираше неговата клаузула, која изнесуваше неверојатни 222 милиони евра и така стана најскапиот фудбалер на сите времиња.