Дома Топ вести Суарез објасни на кого беше посветена прославата на голот

Суарез објасни на кого беше посветена прославата на голот

Луис Суарез синоќа постигна гол против својот поранешен клуб Барселона и беше инспиратор на победата на Атлетико Мадрид.

Суарез не сакаше да го слави голот од почит кон Барселона, побара извинување од навивачите, но испрати порака гестикулирајќи телефонска слушалка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Телефонската слушалка е посветена на луѓето кои преку телефон ми се јавија и ми соопштија некои работи. Сакам да им порачам дека уште го немам сменето бројот и уште сум тука. Не сакав да го славам погодокот од почит кон Барселона. Свесен сум низ каков тежок период поминува Барселона заедно со играчите и навивачите“, рече Суарес.

После доаѓањето на Куман на кормилото на Барселона, на Уругваецот му беше порачано дека повеќе за него нема место во тимот и може да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатен автогол на натпреварот меѓу Престон и КПР

Фудбалерите на Престон останаа без победа против КПР поради бизарен автогол на нивниот деф…