Луис Суарез неодамна стана фудбалер на Интер Мајами каде што повторно игра заедно со своите добри пријатели од времето во Барселона, Лионел Меси и Серхио Бускетс.
Уругваецот нема дилеми и сега потврди дека Интер Мајами ќе биде негов нов последен клуб во кариерата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не можам да бидам повеќе искрен отколку што сум. Моето семејство веќе знае. Датумот се уште не е утврден, но ова дефинитивно е последниот чекор во мојата кариера“, изјави Суарез.
Уругваецот истакна дека е исцрпен и дека никогаш нема да биде тренер.
„Нема да бидам тренер, тоа е полошо отколку да сте фудбалер. Најмногу поради времето, работите многу повеќе“, истакна Уругваецот.
Суарез во Интер Мајами може да стигне до 500 голови во клупскиот фудбал бидејќи му се потребни само уште 11.