Фудбалерот на Рома, Кевин Стротман им кажал на своите пријатели дека клубот одлучил да го продаде и покрај тоа што тој не сакал да замине од „Олимпико“.
Холанѓанецот ќе се пресели во Олимпик Марсеј за сума од 28 милиони евра, а во францускиот тим ќе соработува со неговиот поранешен тренер, Руди Гарсија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Наводно Стротман со солзи во очите се разделил од своите соиграчи, откако му било соопштено дека е продаден и дека клубот повеќе нема потреба од него.
„Ме продадоа. Ќе морам да си одам“, им открил Стротман на соиграчите.
Холанѓанецот денес треба да пристигна во Марсеј на лекарски прегледи, а пооа и официјално ќе стави потпис на четиригодишен договор тежок 4,5 милиони евра по сезона.