Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Строгите правила на Спалети: Фудбалерите можат да користат телефон само за една работа

Строгите правила на Спалети: Фудбалерите можат да користат телефон само за една работа

Aктуелниот европски шампион Италија го отвора Европското првенство во сабота со натпреварот од 21:00 часот против Албанија во Борусија Дортмунд.

Италијанците се големи фаворити, а во групата се уште Хрватска и Шпанија. Пред самиот почеток на првенството „Газета“ објави список на работи кои селекторот на Италија, Лучијано Спалети им ги забранил на своите фудбалери.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Спалети инсистира на точност. Првниот состанок во денот е закажан на пладна, а целиот тим мора да руча заедно во 12:45 часот. Вечерата е во 20:00 часот. Спалети им збранил на фудбалерите слушалки, а телефони се дозволни само пред ручекот и вечерата, примарно за видеоповици со семејството. Потоа играчите мораат да ги изгасат.

Играчите имаат соба за релаксација каде што може да играат тенис, билјард, флипери, четири плејстешн конзоли…Исто така се наведува дека семата и забавата е дозирана бидејќи Спалети сака максимална фокусираност и концетрација на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Голманот на Србија: Јас сум подобро подготвен од Тадиќ!

Репрезентацијата на Србија во овој период е во центарот на вниманието поради случувањата п…