Дома Фудбал Останато Стрелецот на голот за Челзи вчера играл со погрешен дрес (ФОТО)

Стрелецот на голот за Челзи вчера играл со погрешен дрес (ФОТО)

Жоргињо е прекарот под кој е познат Жорге Луиз Фрело Филхо. Бразилецот со италијанско државјанство и член на репрезентацијата на „Аѕурите“ некои го сметаат за еден од најпотценетите играчи од средината.

Челзи минатото лето го доведе од Наполи за оштета од 65 милиони евра иако и Гвардиола го сакаше во Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа се што набројавме не е доволно за во Челзи точно да го напишат неговото име и тоа во натпреварот од Супер купот.

Така вчера на натпреварот против Ливерпул место да стои „Jorginho“ на неговиот дрес пишуваше „Jorghino“.

Жоргињо во вчерашниот натпревар беше и стрелец за „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мареска со прво обраќање по отказот од Челси

Енцо Мареска, кој беше отпуштен од Челси на првиот ден од 2026 година, за првпат официјалн…