Маурисио Покетино пред неколку дена седна на клупата на ПСЖ, а веќе се шпекулира дека на лето ќе направи големи промени во првиот состав.
Вчера се појавија информации дека Парижаните на лето ќе се обидат бесплатно да го донесат Лео Меси и Рамос на кои им истекуваат договорите во Барселона и Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ им нуди плата која другите клубови не можат, па не е исклучено Меси и Рамос да заиграат во ист клуб. Исто така, со ПСЖ се поврзува и Деле Али кој е отпишан од Мурињо во Тотенхем, а неговиот поранешен тренер сака да го донесе во Париз.
Нормално, на социјалните мрежи веќе се појави фотографија како би изгледал составот на ПСЖ следната сезона, а доколку шпекулациите се остварат тогаш тоа ќе биде неверојатен тим.