Дома Фудбал Репрезентации Стојковски за историските 11:1: Тогаш многу играчи потекнуваа од битолската фудбалска школа која беше најдобра

Стојковски за историските 11:1: Тогаш многу играчи потекнуваа од битолската фудбалска школа која беше најдобра

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Лихтенштајн на гости, земјата против која ја имаме највисоката победа во историјата.

Лихтенштајн го имавме победено со 11:1 во 1996. На мечот во Ешен кој се одигра во 1996 година, мрежата на противникот ја тресеа Дејви Главевски (хет-трик), Митко Стојковски, Тони Мицевски и Саша Ќириќ, кои дадоа по два гола, како и Ѓорѓи Христов и Ванчо Мицевски. Како што е очигледно издоминираа Битолчаните, но денес битолската школа е далеку од тоа ниво.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За тоа жали и Митко Стојковски кој ни го истакна тоа во нашиот разговор пред овие два натпревари.

„Контактирам скоро со сите. Морам да потенцирам дека во тие два циклуси кога играв јас многу играчи потекнуваа од најдобрата фудбалска школа, а тоа беше битолската. За жал денес тоа повеќе не е случај“, ни изјави Стојковски.

И за македонскиот фудбал дефинтивно денес ќе беше добро Битола да го задржеше тоа ниво…

Интервјуто со Стојковски – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…