Дома Фудбал Англија Стоперот на Манчестер Сити „без влакна“ на јазикот: Селекторот има нешто против мене

Стоперот на Манчестер Сити „без влакна“ на јазикот: Селекторот има нешто против мене

laporte

Maнчестер Сити оваа сезона ја има една од најдобрите одбрани во Европа, а вистински столба во последната одбранбена линија на Пеп Гвардиола, Емерик Лапорт.

Лапорт одлично се прилагоди на фудбалот на Островот и во дресот на „граѓаните“ прикажува солидни настапи и се покажа како полн погодок за англискиот гигант.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак и покрај тоа што е еден од најдобрите на својата позиција во светот, тој и понатаму не добива повик во репрезентацијата на Франција, а на оваа тема и самиот фудбалер одлучи јавно да зборува.

„На прашањето зошто не играм во репрезентацијата има само еден одговор. Има еден тренер и тој не смета на мене. Немам ништо против него, ако некој има проблем со некого, тогаш тој има со мене.“

„Јас можам да продолжам да работам напорно во мојот клуб кој инвестираше во мене, давам се од себе. Сепак, тој изгледа има нешто против мене и намерно ме игнорира, тука јас не можам ништо да направам. Всушност, подобар одговор сигурно ќе добиете од Дешамп тој е единствениот кој може да ја реши ваквата ситуација“, порача дефанзивецот на Манчестер Сити.

https://www.youtube.com/watch?v=uD5A072hKjc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…