Дома Македонски спорт Мак ракомет Стоилов: Победата против Рајн Некар не мора да значи ништо, спремни сме за Веспрем

Стоилов: Победата против Рајн Некар не мора да значи ништо, спремни сме за Веспрем

Tимот на Вардар во следното коло од ракометната Лига на шампионите во СЦ „Јане Сандански“ ќе се сретне против Веспрем.

Вардарци во тешкиот натпревар против Веспрем влегуваат после големата победа над Рајн Некар Левен во Махајм (27:30).

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Славевме против Рајн-Некар на гостински терен, меѓутоа тоа не мора да значи ништо. Веспрем е одличен тим и не очекува тешка пресметка“, изјави Стојанче Стоилов на конференцијата пред натпреварот.

Освен Стоилов пред медиумите зборуваше и тренерот Парондо.

„Веспрем е еден од најквалитетните тимови во Европа имаат голем потенцијал. Мораме максимално да се фокусираме и да одиграме на високо ниво во текот на целиот натпревар. Само така можеме да постигнеме позитивен резултат“, порача Парондо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…