Дома Македонски спорт Мак ракомет Стоилов: Не сме фаворити, но сите имаат подеднакви шанси!

Стоилов: Не сме фаворити, но сите имаат подеднакви шанси!

Македонскиот шампион Вардар трета година по ред ќе игра на завршниот „Фајнл Фор“ во Келн, што е огромен успех ако се земе во предвид турбулентната сезона.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов беше дел од истирискиот успех во 2017 година и тврди дека е успех и самото учество на „Фајнл Фор“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Вардар во првиот меч ќе ги одмери силите со Барселона, а Стоилов им ја препушта фаворитската улога на Шпанците.

„Ова е наше трето учество во Келн, не сме фаворити и играме против Барселона која е најголем фаворит. Барселона има одлична сезона, но на фајнал фор сите имаат шанси подеднакви шанси. Се игра еден натпревар и се може да се случи. Самото наше доаѓање во Келн е огромен успех за тимот. Многумина не очекуваа тоа да се случи, можеби и ние самите, имавме тешка сезона но тука сме во Келн и дојдовме да се надигруваме“, истакна Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…