Дома Фудбал Останато Стигнува поддршка за Свилар од сите страни: Малиот е ѕвер, тој ќе биде ГОЛЕМ голман!

Стигнува поддршка за Свилар од сите страни: Малиот е ѕвер, тој ќе биде ГОЛЕМ голман!

Во вчерашниот натпревар на Манчестер Јунајтед во Лисабон „црвените ѓаволи“ славеа со 1:0, а голот го постигна Маркус Рашфрод во 65 минута од натпреварот, но после натпреварот најмногу се зборуваше за младиот голман на португалскиот тим Мили Свилар.

Свилар вчера стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите соборувајќи го рекорд кој го држеше Икер Касиљас. Славниот Шпанец дебитираше во Лигата на шампионтие во 1999 година против Олимпијакос кога имаше 18 години, три месеци и 26 дена, додека Свилар застана на голот со 65 дена помалку од големиот Икер.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веројатно во жарот на борбата да остави што подобар впечаток, Свилар направи и еден кикс по кој Јунајтед стигна до водство, но секако дека никој не му замерува на талентираниот голман, кој после натпреварот доби и пофалби од Жозе Мурињо.

„Малиот е вистински ѕвер. Тој е ќе биде голем голман“.

После натпреварот Свилар доби поддршка и од напаѓачот на „црвените ѓаволи“ Ромелу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…