Весникот „Марка“ кој е близок до „кралскиот“ клуб денес потврди дека Зинедин Зидан и следната сезона ќе седи на клупата на Реал Мадрид.
Договорот на францускиот стратег истекува на крајот на оваа сезона, а според истиот извор, претседателот Флорентино Перз ќе му понуди нов едногодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан, на клупата на Реал го замени Рафа Бенитез, во јануари минатата година и успеа да ја освои Лигата на шампионите. Во тековната сезона Реал е во најдобра позиција во борбата за шампионската титула, која Реал последен пат ја освои пред пет години.
Зидан со Реал е на добар пат да се пласира и во полуфиналето во Лигата на шампионите. Доколку оваа сезона ја освои домашната титула и Лигата на шампионите, ќе биде првиот тренер по 1958 година кој во една сезона ја освоил Примера и Лигата на шампионите со „кралевите“.