Mилан утре во последното коло ќе игра против Верона, а тој натпревар како што стојат работите ќе биде последен во дресот на „росонерите“ за Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ пред неколку дена откри дека имал понуда од Монца на Силвио Берлускони, но потенцираше дека се уште е играч на Милан. Ибра не откри, но сега се појавија фотографија од „Сан Сиро“ на која може да се види дека Милан се подготвува за збогување со Швеѓанецот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На местата каде што вообичаено се испишани рекламите планирано е да стои и „Godbye Zlatan“.
Како и да е Ибрахимовиќ веќе порача дека нема да намера да ја заврши кариерата, а каде ќе продолжи останува да видиме, Милан тоа нема да биде.
⚠️ The photo circulating regarding the LED board message to Zlatan Ibrahimovic was just a test made days ago, the club have told us.
— Milan Posts (@MilanPosts) June 3, 2023
❌ No decisions has been made yet regarding his future, but they had to be prepared for any scenario.
📰 @SempreMilanCom pic.twitter.com/uyHPH50V7i