Дома Трансфер зона Стигна како големо засилување, заминува после само 170 минути

Стигна како големо засилување, заминува после само 170 минути

Анте Ребиќ по само четири месеци минати во Милан, би можел да се врати назад во Ајнтрахт Франкфурт.

Хрватскиот фудбалер дојде во таборот на „росонерите“ како големо засилување, но ретко кога добива шанса, и затоа се разгледува можноста за враќање во Бундеслигата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој е позајмен во Милан на две години, со можност да се откупи неговиот договор, меѓутоа има и клаузула која вели дека Ајнтрахт Франкфурт може да го врати во било кој преоден рок во првата година од позајмицата, доколку Милан го дозволи тоа.

Оваа есен Ребиќ не успеа да се запише на листата на стрелци, а одигра скромни 170 минути во дресот на „росонерите“, па Милан е спремен да го врати во Ајнтрахт.

Ова лето после одличниот настап на Мундијалот Ребиќ беше мета на многу европски гиганти, но не се снајде на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…