Европската куќа на фудбалот ја одреди казната Црвена Звезда поради непримерното однесување на навивачите во натпреварот против Ред Бул Салзбург во Австрија.
Црвена Звезда наредните две гостувања во Лигата на шампионите ќе патува без своите навивачи. Тоа значи дека во натпреварите против Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ и Ливерпул на „Енфилд“ српскиот клуб ќе биде без поддршка од трибините.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така клубот е парично казнет со 30.000 евра, додека пошникот тренер Милан Косановиќ ќе биде суспендиран на еден натпревар бидејќи уфрли топка во теренот за време на натпреварот и заработи директно исклучување.