Дома Фудбал Стигна и до репрезентацијата и има се што е потребно, но никогаш нема да биде со татко му во ист клуб

Стигна и до репрезентацијата и има се што е потребно, но никогаш нема да биде со татко му во ист клуб

Иако има само пофални зборови, смета дека соработката не би била паметен потег.

Синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џовани блеска во италијанската Серија А.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од кога во 2016 годиан пристигна на Апенините, Џовани постигна 29 погодоци играјќи за Џенова и Фиорнетина.

Сега заигра и за репрезентацијата на Аргентина и се повеќе се зборува за негов трансфер во поглем клуб.

Тотенхем покажуваше интерес за неговите услуги, а постоеа и гласини дека „Чолито“ би можел кај својот татко во Мадрид, но тоа според Симеоне не е добра идеја.

„Мојот син има се што е потребно да заигра за мене, но никогаш нема да го доведам. За жал нема да потпишам со него, не сакам во целост да ја отфралам таа можност, но би ми било многу тешко да го имам во соблекувалната“.

„Би било тешко и за него, за мене, за нашиот однос, а и покрај тоа него му оди одлично во Италија, можеби кога јас нема да бидам во Атлетико тој ќе дојде“, јасе беше Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамен потег на УЕФА по смртта на грчкиот репрезентативец

Иако Џорџ Болдок го носеше дресот на грчката репрезентација, УЕФА не сака да дозволи одлож…