
Oткако медиумите во Бугарија објавија дека Георги Јомов, фудбалерот на ЦСКА, Софија добил суспензија од четири години се огласија од бугарскиот клуб и ги демантираат таквите информации.




„Информациите на медиумите за казната на Георги Јомов не се точни. Би сакале да кажеме дека нема нова казна. Ниту еден одговорен орган не го коментирал случајот. На сила е одлуката на 25.08.22, суспензија од 90 дена. Рочиштата сè уште траат, а Јомов допрва ќе ја достави својата одбрана до надлежните институции“, стои во соопштението од ЦСКА




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Крилниот фудбалер заработи суспензија на 25. август кога УЕФА објави дека во неговото тело биле пронајдени недозволени супстанци после натпреварот против Македонија Ѓорче Петров кој се одигра на 28. јули. На оваа средба Јомов беше и стрелец за бугарскиот клуб.




Примероците на тестовите покажале дека Јомов бил позитивен на супстанцата дехидрохлометилтестостерон која е стопирана во продажаба уште во 90-тите години и може да се купи само на црниот пазар.