Бетис синоќа успеа да слави против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Ова беше трет меч во низа кој Реал не успеа да го добие на домашен терен, а по натпреварот, капитенот на „Кралевите“, Серхио Рамос беше исклучително лут поради лошиот старт на својата екипа.
Така истакна, веднаш по мечот, дека ситуацијата е алармантна, и дека Реал мора итно да почне да постигнува погодоци, а во изјавата за една шпанска ТВ имаше што да каже и за вечниот ривал, Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Што повеќе зборувате за судење, се е полошо“, започна Рамос, па се надоврза на фактот дека на Реал не му се досудуваат пенали во новата сезона, иако, имало според него шанси за тоа:
„Не, не сум изненаден што не ни досудуваат пенали, иако тоа го прават кога е во прашање Барселона… Мораме да ги почитуваме службените лица. Сепак, не би зборувале за тоа ако успеевме да постигнеме три погодоци. Ова е фрустрирачки старт на сезоната, но не смееме да паничиме и покрај ситуацијата на табелата“, додаде капитенот на „Кралевите“.