Дома Фудбал Останато Стерлинг има предлог: Одземање на 9 бода поради расизам!

Стерлинг има предлог: Одземање на 9 бода поради расизам!

Ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг даде предлог како светскиот фудбал да се избори против расизмот.

Во март англиските фудбалери беа навредувани на расна основа во квалификацискиот натпревар против Црна Гора.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Потоа во април англиските првенства учествуваа во бојкотот на социјалните мрежи за борбата против расизмот.

„Фудбалерите не треба да бидат жртви на расизам. Казните треба да бидат потешки и паричните казни кои не претставуваат ништо за богатите клубови и федерации. Јас предлагам да се воведе правило, според кое во случај на расизам од страна на фановите да им се одземаат по 9 бода на тимовите“, истакна Стерлинг.

„Звучи сурово, но кој навивач ќе земе таков ризик ако има таква казна, бидејќи неговиот тим ќе ги загуби позициите на табелата. Исто така сметам дека клубовите треба да бидат казнети со три меча без публика. Така ќе почнат да губат повеќе пари поради расизмот“, заклучи англискиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…