Дејвид Бекам беше првата голема ѕвезда која се реши кариерата да ја продолжи во САД.
МЛС лигата одлучи да вложи многу пари во развој на фудбалот, а јасно беше дека треба да се почне со некоја голема ѕвезда. ЛА Галакси во 2007 година го направи најдобриот маркетиншки потег доведувајќи го Дејвид Бекам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекам во дресот на Галакси помина шест години, но се враќаше и во Европа на позајмици во Милан и ПСЖ.
Легендарниот играч во првата сезона со Галакси ја освои титулата и стана икона на клубот. Пред неколку години доби статуа пред стадионот на овој клуб и тоа е јасен доказ колку навивачите го ценат.
Но, неговата статуа сега доби малку поинаков изглед бидејќи му ставија заштитна маска како порака на граѓаните на Лос Анџелес да користат маски додека трае пандемијата со коронавирусот.