Дома Фудбал Останато Стартува новата ера во ПСЖ: Погледнете ја првата средба на Мбапе и Нејмар (Видео)

Стартува новата ера во ПСЖ: Погледнете ја првата средба на Мбапе и Нејмар (Видео)

ПСЖ ова лето ги изработи двете најсензационални трансфери, откако во своите редови најпрво го донесоа Нејмар, а неодамна и Килијан Мбапе.

Секако, сите поддеднакво одвај чекаме овој тандем заедно со Кавани да ги гледаме во врвот на нападот во францускиот гигант.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По репрезентативната пауза, играчите се вратија во своите екипи, па така денес по првпат Нејмар и Мбапе тренираа заедно.

Првата средба на Нејмар и Мбапе ги интересираше многумина. Имено, играчите срдечно се поздравија се прегрнаа и накратко позборуваа, пред тренерот Емери да го започне тренингот.

„Мојата желба е да постигнам многу голови и да му помогнам на Нејмар да ја освои Златната топка. Би бил многу среќен кога би можел тоа да го направам за него“, истакна Мбапе по првиот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…