Дома Останати Кошарка НБА Стартуваше НБА: Лејкерси немоќни против шампионот, Бостон подобар од Филаделфија

Стартуваше НБА: Лејкерси немоќни против шампионот, Бостон подобар од Филаделфија

Изминатата ноќ со два одиграни натпревари стартуваше новата сезона во НБА лигата.

Актуелниот шампион, тимот на Голден Стејт Вориорс славеше против големиот ривал Лос Анџелес Лејкерс со 123:109. Најефикасен во редовите на Вориорси беше Стеф Кари со 33 поени, Ендру Вингинс постигна 20, додека кај Лејкерси Леброн Џејмс со 31 и Ентони Дејвис со 27 беа најефикасни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дербито на Источната конференција му припадна на Бостон Селтикс. Селтикс на домашен терен ја доби Филаделфија со 126-117. До победата Бостон беше предводен од тандемот Тејтум – Браујн, двајцата постигнаа по 35 поени. Исто толку поени на спротивната страна постигна Џејмс Харден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…