Младиот напаѓач на Чукарички, Слободан Тедиќ официјално потпиша договор со англискиот шампион Манчестер Сити, пренесуваат српските медиуми.
Договорот е веќе постигнат, а 19-годишниот фудбалер ќе се пресели во Манчестер Сити во јануари.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Постигнавме договор со еден од најдобрите клубови на светот. За Тедиќ, но и за сите нас кои работиме во овој клуб, тоа е голем успех. Кога еден клуб каков што е шампионот на Англија ве следи вас и вашите фудбалери, а потоа и го ангажира, тоа значи дека сте на добар пат“, изјави спортскиот директор на Чукарички.
Тедиќ е роден во Подгорица, но ги минал сите младински категории на српската фудбалска репрезентација, а може да игра на повеќе позиции во нападот.
Оваа сезона Тедиќ на девет меча постигна четири гола и запиша една асистенција.