Има ли посладок оброк од оној во доцните часови на улица, по враќање од излегување? Алесандро дел Пјеро и Зинедин Зидан го имаат одговорот. Заедно играа во Јувентус од 1996 до 2001 година, а за време на играчките денови беше направена култна фотографија во една пицерија. Зидан јаде пица, а Дел Пјеро ужива со својата девојка Соња.
Дел Пјеро во интервју за еден италијански весник објасни и како е направена фотографијата, како и што и претходело?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред шест години кога Зидан стана тренер на Реал Мадрид, Дел Пјеро ги обнови сеќавањата на фотографијата.
Un mio amico è diventato allenatore del @realmadrid … In bocca al lupo #Zizou !!! #ForzaCampione #Friends #ADP10 pic.twitter.com/JrxKbx9xc4
— Alessandro Del Piero (@delpieroale) January 5, 2016
„Ситни часови од ноќта. Автопат Милан-Торино и мал локал за брза храна. Зизу, Соња и јас се враќавме од настан во Милано организиран од „Адидас“. Си заминавме без храна и шведска маса, сакавме да стигнеме побрзо дома. Сепак, гладот е глад. Застанавме, внатре немаше никој освен касиерката и готвачот. Зедовме парче пица, она што останува последно кога ќе дојдете доцна. Кората беше еластична како гума за џвакање. Бев побрз од Зизу, а госпаѓата на шанкот го правеше кафето. Мојот соиграч се уште беше фокусиран на пицата, а јас веќе имав друга занимација“, објасни Дел Пјеро и додаде:
„Фотографијата е направена од Џани Џанзанти. Тој скоро секогаш има фотоапарат со себе. Не позиравме, не ни очекувавме дека ќе слика. Но, тоа е една од моите најомилени фотографии. На не а има се: Љубов, пријателство, безгрижност, едноставност, нормалност, нежност, желба да бидеме заедно, чувство на среќа полно со живот“
Токму со оваа фотографија Дел Пјеро му честиташе на Зидан кога стана тренер на Реал Мадрид.