Дома Фудбал Среќата ги следи храбрите: Голманот на Мајнц му подари победа на Леверкузен

Среќата ги следи храбрите: Голманот на Мајнц му подари победа на Леверкузен

Фудбалерите на Баер Леверкузен го совладаа Мајнц со 2:1 во првиот натпревар од 23.коло во Бундес лигата.

Избраниците на Чаби Алонсо со многу мака стигнаа до осмата победа во последните девет натпревари во првенството.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се започна добро, со прекрасниот гол на Гранит Џака во третата минута од натпреварот.
Сепак, само пет минути подоцна Доминик Кор го израмни резултатот по ударот на Силван Видмер. До одморот двата тима имаа по една добра шанса, но немаше промена во резултатот.

Победата Баерн ја обезбеди во 68. минута кога кога голманот Робин Цетнер ужасно реагираше по идарот на Роберт Андрик.

До крајот на натпреварот директен црвен картон доби Џесик Нганкам од Мајнц.

Баер Леверкузен е лидер во Бундеслигата со 61 бод, а Мајнц е претпоследен со 15 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…