Драматичниот пат на играта на репрезентацијата на Австралија во финишот од натпреварот за третото место влијаеше на тоа Србинот Богдан Богдановиќ да заврши на првото место на листата на стрелци на Светското првенство.
Богдановиќ остана пред Пети Милс кој има само поен помалку од Богдановиќ. Богдановиќ на Мундобаскетот во Кина постигна 183 поени, додека Милс 182.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шанси да го престигне Богдановиќ има само ветеранот Луис Скола, но не изгледаат реални затоа што за Скола да го помине Богдановиќ треба да постигна 48 поени во денешното финале.
Богдановиќ има просек со 22.9 поени по натпревар и во овој сегмент е втор зад Гун Ра од Кореја со 23 поени по натпревар, но тој одигра само три натпревари за разлика од српскиот бек кој настапи на осум натпревари.
На ова СП Богдановиќ влезе во историјата на српската кошарка бидејќи е првиот играч на оваа селекција кој во натпреварување на ФИБА постигнал повеќе од 130 поени.
Во првиот меч против Ангола Богдановиќ постигна 24 поени. Против Филипини малку одмараше, но собра 17, со Италија одеше до 31, против Порторико само пет за 20 минути, а во поразите на Шпанија и Аргентина уфрли 26 и 21. Понатаму во разигрувањето против САД постигна 28 и во последниот натпревар против Чешка 31.