Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија како четвртопласирана го напушта ЕП, а Словенија заврши на третото место.

Србија денес мораше да победи против Данска и во првото полувреме почна затворено и без многу шанси.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во вториот дел Пикси направи неколку офанзивни измени, тргна на се или ништо, но Србија не успеа да направи зрели шанси. Јовиќ успеа да постигне гол, но беше поништен поради милиметарски офсајд.

Англија одигра уште еден разочарувачки натпревар, но на крајот успеа да го освои првото место во групата со пет освоени бода.

Словенија одлично се држеше и на крајот успеа да остане непоразена и го задржа третото место кое ја води во осминафинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…