Дома Фудбал Останато Србија го чека натпреварот на деценијата: Звезда – Арсенал, 40 години подоцна!

Србија го чека натпреварот на деценијата: Звезда – Арсенал, 40 години подоцна!

Звезда и Арсенал повторно се сретнаа, прв пат после 40 години.

Тој 6 декември 1978 година, Црвена Звезда среде Лондон го исфрли Арсенал од Купот на УЕФА, а голот на одлука го постигна Душан Савиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Навистина не знаев дека за тој гол толку ќе се зборува, а уште помалку дека ќе се памети 40 години. Веројатно ќе трае уште 40 години. Тој гол не донесе трофеј и поради тоа е чудно колку долго се памети, веројатно тоа нешто кажува“, изјави Савиќ.

„Топџиите“ поведоа во 69 минута од натпреварот преку Алан Сандерленд, но црвено-белите не потклекнаа и во финишот од натпреварот со прекрасна акција го замолчија стадионот на кој присуствуваа 41.566 навивачи.

Недељко Милосавјевиќ го проигра Владимир Петровиќ Пижон кој со пета додаде до Цветина Благојевиќ, а овој со идеален центар шут го пронајде првиот човек кој „Маракана“ го скандираше и со име и со презиме.

Душан Савиќ стана симбол на познатиот натпревар, а неговиот гол на „Хајбери“ беше опишан и во англиската книга „Техника и тактика на фудбалот“, додека целата акција беше илустрирана преку цртежи.

Исто така погодокот на легендарниот центарфор е еден од најубавите кое беа постигнати на поранешниот дом на Арсенал.

Претходно во првиот натпревар пред 51.000 навивачи на домашен терен Звезда славеше со погодокот на асистентот од вториот натпревар Балгојевиќ кој најдобро се снајде на ивицата на петерецот.

Сега 40 години подоцна, ждребот одлучи екипата на Владан Милојевиќ да биде дел од два нови спектакли со клубот од Премиер лигата. Имајќи ја предвид играта и резултатите во досегашниот дел од сезоната може да се каже дека еуфоријата е иста како и во 1978 година иако разликата во квалитетот е далеку поголема во корист на Англичаните.

Еден ден пред гостувањето на тимот на Венгер, стадинот е распродаден, па Арсенал го очекува пекол пред 52.000 навивачи на Звезда.

Арсенал секако е апсолутен фаворит, но сигурно дека и домаќините имаат на што да се надеваат. После две кола во второто по ранг натпреварување вицешампионот на Србија има реми против Бате Борисов и голема победа против Келн.

„Топџиите“ во овој натпревар доаѓаат после поразот од Вотфорд, во овој момент се на петото место на табелата, а Венгер не ќе може да смета на седумина стандардни фудбалери. Покрај повредите и лошата форма, она што може да и помогне на Звезда и лошата атмосфера во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим не најде лек за „топџиите“, Арсенал лесно до победа🎥

Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2-0 во дерби дуелот на „Емирати“ и така се доближи…