Дома Фудбал Италија Србин е најбрзиот фудбалер во Серија А

Србин е најбрзиот фудбалер во Серија А

Српскиот дефанзивец од редовите на Фиорентина, Алекс Терзиќ е фудбалерот во Серија А кој оваа сезона достигнал најголема брзина.

Левиот бек на Фиорентина оваа сезона најчесто добива шанса од клупата за резерви и само еднаш на теренот беше во комплетните 90 минути, во ремито против Верона (1:1). Иако севкупно на теренот помина нешто повеќе од три часа, Терзиќ демонстрираше импресивна брзина.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со 36.22км Терзиќ е играчот на кого му е измерена најголемата брзина во Серија А, зад себе тој го остави Тео Ернандез со 35.67км

Овој податок е мало изненадување затоа што Серија А има голем број фудбалери кои пленат со својата брзина, но очигледно Терзиќ е во самиот врв во оваа конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скијање и пиење не одат заедно: Џон Тери откри што му се случило

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, доживеа незгода на скијање во Франција, откако по …