Спремни се повторно да ја тресат Европа!
Кога пред година ипол Пари Сен Жермен ги сруши сите рекорди и ги доведе Нејмар и Килијан Мбапе, многумина им замерија, а голем дел на ПСЖ гледаше и со омраза…ПСЖ се мразеше поради големата финансиска моќ и начинот на кој го избегнуваше финансискиот фер-плеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во еден момент изгледаше дека УЕФА ќе превземе чекори, но од закани ништо повеќе не видовме.
Сега тие гигантот од Париз спрема уште една мега операција со која дополнително би ја налутил фудбалска Европа.
Се појави вест дека вчера во Амстердам де воделе преговори за Франк Де Јонг, но не бил само Де Јонг тема на разговор туку и неговиот соиграч Матијас Де Лихт – двајцата најбарани млади фудбалери во Европа!
Манчестер Сити, Барселона, Јувентус, Манчестер Јунајтед…Скоро и да нема клуб кој не се распрашувал за некој од овие двајца, а ПСЖ ги сака во пакет.
Неодамна „Телеграф“ лансираше вест дека постигнале договор со Де Јонг, но потврда од клубовите не стигна. Сепак, овој медиум е познат како медиум кој не се занимава со шпекулации и ретко кога греши кога во прашање се ваквите работи.
Спортскиот директор на ПСЖ и шефот на целата операција, Антеро Енрике вчера престојуваше во Амстердам. Со нив бил и целиот правен тим на ПСЖ, како и Максвел кој некогаш го носеше дресот на Ајакс и кој има добри контакти во Амстердам. Тие вчера биле на состанок со Марк Овермарс, спортскиот директор на Ајакас и менаџерите.
Во целата операција вклучени и се и неколку мега менаџери како Мино Раиола (Де Лихт), Пини Захави (не е познато кого застапува и Али Дурсун (Де Јонг).
Кога во прашање се деталите тие наведуваат дека понудата е 150 милиони евра за двајцата – 70 за Де Јонг и 80 за Де Лихт.