Дома Трансфер зона Спортскиот директор на Јувентус потврди: Влаховиќ одбил компромис околу платата

Спортскиот директор на Јувентус потврди: Влаховиќ одбил компромис околу платата

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ од почетокот на сезоната е критикуван за формата со кој настапува во дресот на Јувентус, а во текот на вчерашниот ден италијанските медиуми пишуваа и дека одбил компромис околу неговата плата.

Платата на Влаховиќ изнесува 12 милиони евра, додека неговиот договор е со важност до 2026 година. Јувентус со цел да ја подобри финансиската ситуација му предложил на српскиот голгетер да му го продолжи договорот до 2027 година со тоа што платата би му била осум милиони евра. Така Србинот место за две, за три години би добил 24 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите пренесуваа дека Влаховиќ ја одбил таквата понуда, сега тоа го потврди и спортскиот директор Џунтоли, кој сепак не ја исклучува можноста да најдат решение.

„Кога во прашање е иднината на Влаховиќ, нема проблем. Верувам дека наскоро ќе најдеме решение. Таков играч не може да биде проблем. Нашата цел е нов договор и ќе успееме, тој е играч кој вреди и заработува многу, а тоа за нас е предност“, изјави Џунтоли.

Од почетокот на сезоната Влаховиќ во Серија А постигна само два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…