Јувентус вчера играше против Болоња во рамките од Серија А, а пред натпреварот спортскиот директор на тимот од Торино, Фабио Партичи зборуваше за гласините за кои во медиумите се пишува подолго време.
Вчера во текот на денот „Ла Република“ објави дека конечно е постигнат договор според кој Миралем Пјаниќ би се преселил во Барселона, а Бразилецот Артур Мело во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно клубовите се согласиле, а и Артур кој претходно правеше проблем сега наводно прифатил. Партичи само потврди дека преговарале со Барселона.
„Разговаравме со Барселона за размената Артур – Пјаниќ. Двата тима сега се фокусираат важните натпревари до крајот на сезоната и ќе мора да почекаме, а договорот зависи и од желбата на играчите“, изјави Партичи.
Јувентус ја победи Болоња со 2.0 и така ќе го задржи првото место и после ова коло.