Дома Македонски спорт Мак фудбал Според обложувалниците: Победа на Македонија против Англија е еднаква на чудо!

Според обложувалниците: Победа на Македонија против Англија е еднаква на чудо!

Maкедонија вечерва и гостува на Англија во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година, а јасно дека домаќините се огромен фаворит пред почетокот на средбата.

Фаворитската улога на Англичаните може да се види и по коефициентот кој е одреден за победа на Македонија. Имено, букмејкерите одредија коефициент дури 20 што е значи наша победа би била еднаква на чудо.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Ова би значело дека би добиле 20 пати поголема сума од уплатата на победа на Македонија, секако ако „рисовите“ вечерва ја остварат.

Воопшто не е мал ниту коефициентот за нерешено, тој изнесува 10 додека за победа на Англија е само 1.10.

Сепак, многу пати се покажало дека фаворитите не победуваат секогаш, а ние сакаме да се продолжи низата на која на две гостувања во Англија сме без пораз (2002 2:2 и 2006 0:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалерите до 21 година ќе играат против Косово, Станиќ го објави списокот

Репрезентацијата на Македонија до 21 година кон крајот на март ќе одигра два контролни нат…