Во втората македонска лига Гостивар и Пелистер во дербито денес ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1.
Голот за Пелистер го постигна Благоја Љамчевски кој како да се специјализираше за вакви евроголови. Љамчевски мајсторски го матираше голманот на гостиварци од слободен удар.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со овој бод Пелистер останува четврти со 40 бода, Гостивар е една позиција понапред со 44 бода, додека Воска и Вардар на врвот имаат по 46.