Oд денес и официјално е познато дека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји и тоа во САД, Канада и Мексико.




Ова ќе биде за првпат еден Мундијал да се игра во повеќе од две земји, па останува да видиме како сето тоа ќе изгледа.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Од друга страна неофицијално се појавија информација дека финалето на ова Светско првенство ќе се игра на стадионот на Далас Каубојс од НФЛ. Во овој момент стадионот може да прими 80.000 гледачи меѓутоа најавите се дека за потребите на Мундијалот тој ќе се зголеми на 100.000.




Секако дека финале пред 100.000 гледачи би било вистински спектакл, но останува да видиме дали сето ова ќе биде и потврдено.