Нема официјална потврда меѓутоа веќе на големо се пишува за трета борба помеѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд.
Според информациите Тајсон и Холифилд трет пат ќе ги вкрстат ракавиците на 11. јуни во Саудиска Арабија. Борбата ќе биде од хуманитарен карактер и парите ќе бидат наменети за социјално загрозените луѓе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Одлична вест, сакам пак да се борам против Мајк“, изјави неодамна Холифилд кој има 57 години, Тајсон е четири години помлад.
Претходните два дуели на овие двајца борци беа навистина возбудливи, меѓутоа овој сигурно ќе биде поинаков затоа што ќе биде необично да ги видиме на толкава возраст во рингот.
Тајсон последната борба ја одработи во 2005 година, додека Холифид од боксот се прости во 2011 година.