Екипата на Рома денес на „Олимпико“ од 20:45 го игра големото дерби од серија против тимот на Јувентус.
Евентуална победа на Рома би била од голема важност во борбата за втората позиција, а пред овој натпревар Лучијано Сплаети се соочи со големи проблеми кога е играчкиот кадар во прашање. Против Јувентус не ќе може да настапи суспендираниот Стротман, повредениот Џеко, додека настапите на Наинголан и Пероти се под знак прашалник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Против Јувентус ќе играат само оние кои се најспремни. Сигурно дека ќе ни недостасуваат клучните играчи, но ќе мораме некако да го надоместиме нивното отсуство. Разочаран сум што Џеко нема да може да ни помогне, сигурно дека многу ќе ни недостасува“, изјави Спалети.
Спалети потоа зборуваше за Јувентус.
„Оваа сезона Јувентус секогаш беше најспремен во големите натпревари. Покажаа дека знаат како да ја контролираат ситуацијата. Сигурно дека постои разлика во квалитетот на тимовите, но можеме да пронајдеме начин ако им се приближиме“, истакна тренерот на клубот од Рим.