Дома Фудбал Италија Спалети искрено: Не можeме против Јувентус!

Спалети искрено: Не можeме против Јувентус!

Новиот тренер на Интер, Лучијано Спалети смета дека и покрај одличниот трансфер рок, сепак „нероаѕурите“ немаат доволно силен тим со кој можат да го преземат тронот од „старата дама“.

Спалети истакна дека е среќен од новите засилувања, но искрено призна дека Јувентус и Наполи во овој момент имаат подобар тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Задоволен сум од тоа како Интер го одработи трансфер периодот, но реално Јувентус е пред сите. Не сакам да ги потценувам другите, но мислам дека Јуве и оваа година е пред сите останати. Наполи игра одличен фудбал и мислам дека тие се најблиску до Јувентус“, истакна Спалети.

Интер одлично ја започна новата сезона со победи над Фиорентина и Рома, а викендов игра на домашен терен против СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…