Тренерот на Интер, Лучијано Спалети на пресконференцијата пред утрешниот меч со Рапид Виена зборува за ситуацијата на Икарди.
Мауро Икарди е главна тема на Апенините откаку му беше одземена капитенската лента. Тој одби да игра на престојните два меча, против Рапид и Сампдорија, со изговор дека чувствува болки во коленото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер денес му направи комплетни лекарски прегледи на напаѓачот кои покажаа дека Икарди нема никакви промени и повреди на коленото, што само го зголми „хаосот“ кој владее на релација Интер – Икарди.
Спалети тврди дека ваквата ситуација може да се реши само со разговор очи во очи, а не преку социјалните мрежи.
„Не треба да играме како што игравме во второто полувреме во Виена. Рапид покажа дека има квалитети, па мораме да бидеме повнимателни. Кога ќе се врати Икарди на терените? Не знам. Треба да направиме специјална програма и според лекарските извештаи треба повторно да тренира со тимот. Што се однесува до неговата ситуација, таа ме може да се реши преку социјалните мрежи со статуси и лајкови. Треба реално да се седне и да се разговата очи во очи“, истакна тренерот на „нероатурите“.
„Што се однесува до Лига Европа, не можам да кажам дека сме фавороти, има уште 5-6 многу силни тимови. Нашата цел е да стигнеме што е можно подалеку“, додаде Спалети.
?️| #Spalletti: "We can't have the same attitude as we did in the second half of the first leg. In the second half, Rapid showed that they have quality. We have more to do in order to qualify." #InterRapid #UEL pic.twitter.com/3KOjxehdRG
— Inter (@Inter_en) February 20, 2019