Тренерот на Интер, Лучијано Спалети успеа да ги врати „нероаѕурите“ во Лигата на шампионите што се смета за успех после се што се случуваше во клубот од Милано.
Меѓутоа, од стартот на сезоната не е се така идеално на „Џузепе Меаца“, а големо разочарување беше елиминацијата во групната фаза од Лигата на шампионите каде што им беше потребна против ПСВ (1:1) во последното коло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За таквата ситуација голем дел од навивачите на Интер го обвинуваат Спалети и посакуваат ново тренерско име на клупата.
Во Интер секако дека би биле посебно воодушевени од едно име – Диего Симеоне!
Повод „нераоѕурите“ да се надеваат дека Симеоне може да седне на нивната клупа им даде изјавата на Аргентинецот за радиото „Анкио Спорт“.
„Имам уште една година од договорот со Атлетико и ни оди навистина добро. Многу пати претходно бев јасен, би сакал да се вратам во Интер и сигурен сум дека тоа ќе се случи еден ден. Лацио и Интер ми останаа во фантастично сеќавање им посакувам се најдобро“, изјави Чоло.