Поранешниот аргентински репрезентативец, Фернандо Гаго (38) е нов тренер на Бока Јуниорс, објави клубот каде што Гаго пред 20 години ја започна кариерата.
„Фернандо знае дека тука е како дома и многу сме среќни што е со нас“, објави претседателот на клубот Хуан Роман Рикелме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со 38 години Гаго доаѓа од мексиканскиот клуб Чивас Гвадалахара, а на клупата на аргентинскиот гигант ќе го наследи Диего Мартинез кој поднесе оставка пред неколку недели. Дебито Гаго ќе го има во натпреварот против Тигре во аргентинското првенство каде што Бока на десет кола пред крајот е на десеттото место со 12 бодови заостанување зад водечкиот Велез.
Дресот на репрезентацијата на Аргентина го носеше на 61 натпревар, а играше и во финалето на Мундијалот во 2014 година кога Германија ја освои титулата.