Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Бенфика и португалската репрезентација, Рубен Диас.
„Старата дама“ се спрема за реновирање на одбраната. Барзаљи ја игра последната година, Бенатиа сака да си замине уште во јануари, додека Киелини е во зрели фудбалски години и потребен му е наследник.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оглед на фактот дека го продадоа Калдара, а Ругани се уште не го покажа својот полн капацитет, „бјанконерите“ веќе засилено бараат нови дефанзивци.
Еден од приоритетите е стоперот на Бенфика и португалски репрезентативец Рубен Дијас. Тој има само 21 година, важи за еден од најперпективните стопери во Европа и е на мета на многу европски гиганти.
Дијас во договорот со Бенфика има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Јувентус сака да ја намали таа сума со помош на супер-агентот Жорге Мендеш.
Наводно Мендеш веќе работи на трансферот кој би требало да биде комплетиран за 35 милиони евра плус дополнителни бонуси